Генералното собрание на ОН, на вонредната седница со 128 гласови „за“ и девет „против“ го прогласи за неважечко американското признавање на Ерусалим за престолнина на Израел. 35 од земјите членки гласале воздржано.Македонија е од земјите кои гласале „за“.

Од поранешните ЈУ републики гласаа:

  1. 1.Македонија “за“
  2. 2.БиХ – “воздржано“
  3. 3.Србија “за“
  4. 4.Словенија“за“
  5. 5.Хрватска “воздржано“
  6. 6.Црна Гора “за“
  7. alt

Пред самиот почеток на гласањето, американскиот претседател Доналд Трмап и американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, упатија остро предупредување да не се гласа против САД, затоа што ќе се соочат со финансиски санкции.

Во заострена реторика, претходно Трамп, а потоа и Хејли порачаа дека Америка будно ќе го следи гласањето и ќе забележува кој како ќе гласа.

Портпаролот на палестинскиот претседател Махмуд Абас, порачал дека ова е “победа за Палестина“.

Статусот на Ерусалим е во срцето на израелско-палестинскиот конфликт. Израел го окупира источниот дел на градот на кој Палестинците имаат право и го сметаатза град од својата неподелена територија.

Израел ја отфрли одлуката на ОН и му се заблагодари на претседателот на САД Доналд Трамп за „недвосмислената позиција во корист на Ерусалим“.

„Израел ја отфрла одлуката на ОН и истовремено е задоволен од фактот што многу земји не гласаа за поддршка на оваа одлука. Израел се заблагодарува на американскиот претседател Доналд Трамп за недвосмислената позиција во корист на Ерусалим и на земјите кои гласаа заедно со Израел и со вистината“, се наведува во реакцијата од канцеларијата на
израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Пред гласањето американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на земјите-членки на ОН кои ќе гласаат за резолуцијата дека ќе им ја укине финансиската помош. Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли испрати писмо во кое наведе дека Трамп побарал од неа да ги забележи имињата на земјите кои ќе гласаат за резолуцијата.

„Денешното гласање ќе влијае на начинот на кој Американците гледаат на ОН и на земјите кои не ги почитуваат САД и ОН“, порача Хејли.

Инаку, во нацрт-резолуцијата се реафирмираат десетте претходни резолуции на Светот за безбдност на ОН за Ерусалим, кои датираат уште од 1967 година, вклучувајќи го и барањето дека одлуката за конечниот статус на градот мора да биде донесена во директни преговори помеѓу Израел и Палестина.

Извор:Мета

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here