АШХАБАТ, Туркменистан, 21 декември 2017 година (WAM) – Х. Х. Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан, министер за надворешни работи и меѓународна соработка, претседаваше со состанокот на Заедничкиот министерски комитет на ОАЕ и Туркменистан во Ашхабад во средата.
 عبدالله بن زايد يترأس اجتماع اللجنة المشتركة الثانية بين الإمارات وتركمانستان 2
Х.Х. Шеик Абдула му се заблагодари на Туркменистан за одржување на состанокот, изразувајќи надеж дека комисијата ќе успее да ги постигне своите посакувани цели во служењето на заедничките интереси на двете пријателски земји.
Шеик Абдула во своето воведно обраќање izjavil: “Овој состанок претставува драгоцена можност за промовирање и развивање на билатералните односи и е ефикасна платформа за дискусија за предлози и практични решенија за подобрување на тие односи”.
Тој, исто така, изрази надеж дека дискусиите ќе постигнат “видливи резултати кои ќе им овозможат на двете страни ветувачки можности, вклучувајќи и инвестиции и стимулации кои ќе придонесат за зајакнување на улогата на приватниот и на владиниот сектор за да им служат на заедничките цели и интереси”.
Шеик Абдула рекол дека Обединетите Арапски Емирати се желни да ја зајакнат својата соработка со Туркменистан во разни области, вклучително и енергијата, обновливите извори на енергија, транспортот, телекомуникациите, логистиката, банкарството, метеорологијата, туризмот, културата и животната средина, како и во приватниот сектор.
Коментирајќи за постоечките значајни соработки меѓу двете земји во областа обновливите извори на енергија, шеикот Абдула го истакна успешното партнерство меѓу, компаниите за нафта и гас UAE’s Dragon Oil, и се разбира владата на Туркменистан. UAE’s Dragon Oil е една од најголемите компании што инвестира во нафтениот сектор во Туркменистан и произведува околу 100 илјади барели дневно.
Тој надополнил: “Инвестициите меѓу двете земји сѐ уште се во рана фаза … Сепак, очекуваме тие да бидат сведоци на постојан раст по договорот за заштита и поттикнување на инвестиции, како и измена на Конвенцијата за избегнување на двојното оданочување на приход меѓу двете земји “.
Според статистичките податоци за 2016 година, повеќе од 1.600 Туркмени  престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, додека бројот на туркменски туристи кои ја посетуваат ОАЕ достигнаа повеќе од 28.000 оваа година, како одраз на развојот на туризмот, трговијата и културните размени меѓу двете земји, надополнил шеикот Абдулах. Тој, исто така, ја поздрави идејата за формирање на работна група која ќе го претставува приватниот сектор во двете земји.
Рашид Мередов, заменик-претседател на Туркменскиот совет на министри и министер за надворешни работи, кој ја предводеше туркменската страна за време на состанокот, ја поздрави посетата на Шеикот Абдулах и се осврна на длабоките билатерални односи меѓу двете влади. Тој, исто така, ја истакна важноста од зајакнување на соработката во областа на инфраструктурата, обновливите извори на енергија и други.
Подоцна, двајцата министри потпишаа протокол на вториот заеднички комитет ОАЕ – Туркменистан.
Шеикот Абдулах и Мередов исто така беа сведоци на потпишувањето на Меморандум за разбирање помеѓу Фондот за развој на Абу Даби и Владата на Туркменистан, кој ќе придонесе за финансирање на голем број развојни проекти како дел од Програмата за економски развој на Туркменистан 2014-2018.
 Меморандумот за разбирање беше потпишан од Мохамед Ал Суваиди, генерален директор на Фондот Абу Даби и Рахем Берди Џубаров, претседател на Одборот на директори на Туркменската државна банка за надворешни економски прашања.
Покрај тоа, Шеик Абдулах и Мередов дискутирале и за начините за зајакнување на односите во голем број други области, вклучувајќи ги и политичките, економските, инвестиционите, хуманитарните, образовните и културните.
عبدالله بن زايد يترأس اجتماع اللجنة المشتركة الثانية بين الإمارات وتركمانستان 5
На состанокот присуствуваа Сухаил Ал Мазроуеј, министерот за енергетика и индустрија, д-р Абдула Ал Нуаими, министерот за инфраструктурен развој, Хасан Ал Заруни, амбасадор на ОАЕ во Туркменистан, и Мохамед Ал Суваиди, генерален директор на Абу Даби фонд за развој .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here