Најмалку 6.700 Рохинџии, вклучувајќи и 400 деца, бил убиени во првиот месец по избувнувањето на насилството во Мијанмар во август, објави организацијата “Лекари без граници”.
Овој број е значително повисок од официјалниот број на 400 жртви, објавен од страна на властите на Мијанмар.
Лекарите без граници велат дека ова до сега е најјасен показател за степенот на насилство и злосторствата што досега ги направиле властите во Мијанмар.
Оваа организација посочи дека повеќе од 647.000 Рохиџии од августот биле евакуирани во соседен Бангладеш.
Во извештајот се наведува дека од 25 август до 24 септември најмалку 9.000 членови на оваа заедница биле убиени во Мијанмар.
Властите тврдат дека повеќето од 400 жртви се муслимански терористи.
Армијата започна голема операција во северниот дел на Мијанмар, откако локалните милитанти спроведоа серија напади врз позициите на армијата и полицијата.
Извор:cdm

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here