Најмалку 13 убиени во напад во Нигерија

by Administrator
Во двоен бомбашки напад на пазар на североистокот на Нигерија убиени се најмлаку 13 луѓе, соопштила полицијата.
Меѓутоа, од друга страна, локалните извори зборуваат за најмалку 18 мртви.
“Две жени-самоубијци влегле во градот каде што ги активирале бомбите. Убиени се 13 лица, а 53 се лесно или тешко повредени “, изјави портпаролот на државната полиција на Борно.
Претставник на локалната организација за територијална одбрана изјавил дека 18 лица се убиени и повредени 36.
Милитантната група Боко Харам нема навика да презема одговорност за бомбашки напади, но во неколку наврати користеле жени и тинејџери како самоубијци.
За време на осумгодишниот бунт на Боко Харам, најмалку 20.000 луѓе се убиени.
Извор:cdm

You may also like

Leave a Comment