Аргентинската морнарица ја прекина мисијата на спасување со цел да се пронајде исчезнатата подморница и 44 членови на екипажот.
Подморницата АРА Сан Хуан исчезна пред две недели, и покрај големите напори, нејзината локација не е утврдена.
“И покрај огромните напори, не е можно да се лоцира подморница”, изјавил портпаролот на аргентинската морнарица Енрике Балби.
Подморницата последен пат контактира со морнарицата во средата, 15 ноември. Надежта дека екипажот ја преживеал можната експлозија на последното познато место полека исчезнува.
Балби изјавил дека пребарувањето на подморницата е проширено два пати повеќе од бројот на денови што им дозволуваат на спасувачките служби да го спасат екипажот. Тоа е период за кој се смета дека може да преживее во подморницата под површината на морето.
Иако судбината на екипажот не е потврдена, во моментов нема докази за било какви остатоци во областа на пребарувањето.
Подморницата АРА се враќала од рутинска мисија во близина на најјужната точка на Јужна Африка, кога пријавила електричен проблем. Командантот на морнарицата Габриел Галеаци рекол дека подморницата изронила на површината и пријавила краток спој во батериите. Во тие моменти било наредено да ја скрати мисијата и да се врати во базата Март дел Плата што е можно поскоро. Последниот контакт бил направен околу 07:30 на 15 ноември, а капетанот тогаш потврдил дека екипажот е во ред.
Осум дена по исчезнувањето на подморницата, соопштено е дека била детектирана силна бучава на неколку часа по последниот контакт. Бучавата била регистрирана на околу 60 километри од последната позната локација на подморница во 10:31 часот.
Балби изјавил дека се верува дека морската вода достигнала во батериите и предизвикала краток спој.
Многумина прстот го вперуваат кон владата, тврдејќи дека недостатокот на инвестирањето и корупција во вооружените сили наведоа подморницата да биде небезбедна.
Аргентинскиот претседател Маурисио Макри нареди истрага за исчезнувањето на подморницата.
Извор:Klix










