Вака денес изгледаше делот на населба Подгорци, познат како ’автобуска’ од каде секоја година во овој период, учениците од Подгоречкото училиште кои ја завршуваат деветолетката заминуваат на прославување на полуматурската вечер.

Пред бројните и присутни, родители и пријатели, полуматурантите беа испраќани пред сите оние кои сакаа да бидат присутни на овој значаен настан за нив, се разбира почетокот беше најавен со едно задничко дефиле со своите партнери и партнерки.

Секој од нив дотеран, на своевиден и посакуван начин веќе извесен период се обидувал да се дотера (изгледа убаво) токму за оваа вечер. Немаше што немаше, а не беше убаво. Измешани разлини бои на одела и фустани, фризури, светови, подароци и што уште не…

И оваа година, како и претходната, одбележувањето на оваа вечер задолжените на ова училиште за организирање на ова вечер решиле истата да биде оддржана во хотел Мираж-Струга.

Во ова пригода, би сакале на сите полуматуранти да им посакаме сё најдобро во иднина, нови познанства, успеси и се разбира како што знаеме да кажеме: ’ и за поголеми дипломи’.