(НЕДЕЛНА АНАЛИЗА) Силите на Асад ги раздвојуваат децата и мажите: Станува ли Алепо нова Сребреница?

by Administrator

Последните делови на Алепо под контрола на опозицијата се наоѓаат пред паѓање. Силите на Асад продираат, а руските авиони и понатаму ја бомбардираат енклавата каде се наоѓаат сириските бунтовници каде покрај борците се наоѓаат и околу 50.000 цивили.

Цивилите во бегство пред налетот на силите на Асад.

Тие и понатаму на Фејсбук и Твитер ги споделуваат пораките во кои се опростуваат од семејствата и сите други кои ги следат на социјалните мрежи.

%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%80%d0%b5%d0%b1%d1%80%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0 Фото: Сребреница 1996 и Алепо 2016

-Чекам да умрам или да бидам заробен од силите на Асад….Молете се за мене и сетете се на нас – порачал фотографот Амеен ал-Халаби на својот фејсбук профил.

Американскиот новинар Била Абдул Кареем, еден од ретките кои се наоѓаат во источниот дел на Алепо под контрола на бунтовниците, ја снимил пораката во која се прозиваат  муслиманските земји кои не му помогнаа на Алепо.

Сирискиот генерал Заид ал-Салех кој предводи дел од силите на Асад во нападот на Алепо порачал дека “битката за Алепо ќе заврши за кратко. Бунтовниците немаат многу време. Мора да се пердадат или да умрат“, Пренесува Ројтерс. Ова агенција денес соопштила дека Алепо во целост е освоен притоа повикувајќи се на неименувани извори од сириската војска.

Нова Сребреница

Сиријците саробени во Алепо порачуваат дека во тек е геноцид кој го спроведуваат силите на Асад, Мдиумите ја пренесуваат и пораката на Лина Шами 26 годишна жена која истакнала дека жителите на бунтовничкиот дел на Алепо изложени се на геноцид и дека “ повеќе од 50.000 цивили се наоѓаат пред можна егзекуција заради бутн против Аса, како и тоа дека во изминатите неколку часови извршени се убиства на цивили кои биле сместени на мало подрачје со површина од само неколку квадратни километри“.

Аналитичарот  заБлискиот Исток и исламскиот свет Мухаме Јусиќ во ијзва за порталот Фактор истакнал дека “ проблемот е во тоа што ние немаме никакви посматрачи како што некогаш беа во БиХ. Никој не знае што се случува, и тоа зборува колку меѓународната заедница е заинтересирана за ситуацијата во Сирија“.

%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bf%d0%be3

– Ако не можат да го сопрат злочинот, можат да направат некој договор да во Сирија бидат присутни силите како што се “ Сините шлемови“ кои беа во БиХ. Така да денес никој ен знае што се случува со цивилите кои се предаваат во рацете на режимот кој покажа дека нема никакво почитување спрема оние кои се бунтуваат против него. Дури сега имаме извештаи дека деца и полнолетни мажи  кои им се предавата на силите на Аса се раздвојуваат, она како што беше видено во Сребреница – појаснува Јусиќ.

Тој заклулува дека паѓањето на Алепо далеку е од тоа да биде клучна пресвртница во војната, туку дека ова е уште еден злочин кој ќе ја закомплицира ситуацијата  и понатаму Сиријците да ги оддалечи од државата.

-Ова е паѓање на енклава, и ништо нема ништо  значајно во тактичка смисла да смени во односот на силите на терен колку што ќе створи нова омраза во Сирија – изјавил Јусиќ.

%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bf%d0%be5

Последни пораки

Милиони луѓе од Сирија во изминатите неколку години заради воените судири побегнале во соседните земји и Европа. Во изминатите 24 час од Алепо побегнале повеќе од 10.000 цивили, јавува Wall Street Journal, а пораките на Твитер го покажуваат стравот и очајот кој се надвивнал над Алепо.

 

You may also like

Leave a Comment