(Неделна Анализа) Кои се ирачките Туркмени и зошто сакаат своја провинција?

by Administrator
%d1%82%d1%83%d1%80%d0%ba%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b8
Во екот на борбата за Мосул, во ирачката јавност се расправа и за улогата на ирачките Туркмени. Овој туркијски народ однеодамна бара сопствена автонимија во внатрешноста на ирачката држава. Нивната преданост во борбата водена е од желбата за ослободување на подрачјето Тал Афар, западно од Мосул, во провинцијата Нинива. Туркмените не се единствени кои имаат барање за создавање на нова провинција. Така и христијаните сакаат да формираат и своја провинција во Нинивската долина, додека Јазидите заговараат нивното подрачје Синџара исто така да се прогласи за нова провинција на северот на Ирак. На тој начин Ирак во блиска иднина би постанал федерација на темел на верските и деноминацијските начела.
Туркмените се трето најголемо малцинство во Ирак, после Арапите и Курдите. Мнозинството е населени и живее во северен Ирак и имаат блиска културна поврзаност со Турција, посебно со Анадолија. Интересно е и тоа што името Туркмени се користи како политичка терминологија, бидејќи во стварност станува збор за туркијска етничка група која исклучително е блиска со Турците. Британците го користеле овој назив како би ги оддалечиле ирачките Турци од Турција во текот на прашањето на кого ќе му припадне Мосул во триесеттите години на давесетиот век. Тие во седмиот век се иселувале од Турција спрема Месопотамија, а, посебно тоа иселување до израз дошло во текот на владеењето на османлиската власт. Денешните Туркмени во Ирак, односно мнозинството од нив се наследници на османлиските војници, тргоговци и државни службеници кои во текот на тој период пристигнале во Ирак.
Кога се формира Република Турција во 1923 година, ирачките Туркмени посакувале Мосулскиот вилајет да се соедини со Турција и стане дел од проширената турска држава. Меѓутоа, заради крајот на османлиската монархија, ирачките Туркмени се нашле под дискриминација на ирачкиот режим, па заради тоа Туркмените со огорченост се сеќаваат на масакрите од 1923, 1947, 1959 и 1979 година, особено откако арапските националисти започнале систематски да ги напаѓаат туркменските малцинства. Иако се признати заедно со Арапите и Курдите како констутивен народ, на Туркмените подоцна топј статус им бил укинат.

Ирачките Туркмени најмногу жувеат на северот на Ирак, особено во градовите Тал Афар, Мосул, Ербил, Алтункупр, Киркук и Багдад. Официјалните статистики се различни, меѓутоа се смета дека тие се помеѓу да и три посто од ирачкото насление, односно помеѓу 500 и 800 илјади луѓе. Меѓутоа, многу Туркмени повече не се индетификуваат така, туку подлегнале на долгогодишната и системска рабизација и курдизација. Според таквото сваќање, Туркмените ги има повеќе, па дури и до три милиони односно 13% од ирачкото население. Многу нивни градови паднале во рацете на ИСИЛ уште во 2014 година, па Туркмените заради тоа биле принудени да се померат на југ, во Кербала, Наџаф,и Багдад. Деноминацијски се разликуваат, бидејќи 60% од Туркмените припаѓаат на сунитскиот ислам, додека 40% се шиити.

Таа разлика не е толку важна, колку што е важна туркменската национална свест. На неа  во својата политичка рачуница смета и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој на 2.октомври изјавил дека после ослободувањето на Мосул од ИСИЛ само сунитските Арапи, Туркмени и сунитски Курди можат да останат тука. Таквата изјава на шефот национално блиската држава тешкое била прифатена Туркмените. Освен што Туркмените се сунити и шиити, тие исто така населуваат и други делови на Ирак и наводно не сакале да “станат“ дел од планот на Ердоган.

Сунитските Туркмени се упатил кон  Турција. Догматичната идеологија на сунитскиот Мосул ќе спречи мнозинство на шиитски Туркмени да помислат да живеат таму.
Шиитските Туркмени дури биле обвинувани и за тоа дека сакаат да формираат шиитска провинција во сунитското окпружување, како би била сигурна повезница помеѓу Иран и Сирија во одреден шиитски нагол. Имено, шиитските Туркмени се борат во составот на ирачката Народна мобилизациска единица, во која сочинуваат дури 12 илјади луѓе. Од пет илјади борци само во бригадата Али Акбар, нив ги има 500 и тоа од Тал Афар. Туркмените од Киркук исто така  се организирале и приклучиле на тие бригади. Со тоа Туркмените ги пореметиле плановите на Курдистанската регионална влада за преземање на спорните подрчја на северот на Ирак.
Од друга страна, сунитските Туркмени ја повикале Турската војска да остане и учествува во воените операции на ослободување на провинцијата Нинева, со што Турците би ги заштитиле од припадниците на терористичката Курдистанска работничка партија. Во ова провинција освен сунитските и шиитските Туркмени живеат и арапски шиити и Курди. Зачувувањето на разноликоста било знак на прашање и пред да се појави Исламската држава. Зарди тоа и представничката на Туркмените во ирачкиот парламент Нахла ал-Хабиби постетила дека уставот дозволува оснивање на нови провинции. Таа истовремено настојувала да покаже дека тие барања не се темел на секташтво и деноминација на разликите. Директорот на фондацијата за спас на Туркмените Али Акрам ал-Бајати смета дека постојат други причини за повикување на независна провинција. Со тоа Туркмените би добиле пари за обнова и развој на својата провинција, создавање на безбедносни и заштитни сили кои би го сочинувале самите Туркмени во одбрана од терористите, како и создавање на нови дејности и работни места со што туркменската заедница би ја задржале заедно.

Ослободувањето на овој град и неговата подоцнежна иднина пресуднби ќе бидат во создавањето на обединет Ирак. Самиот град претставува одлична препорака како треба тоа да се направи. Имено, Мосул е богат со историја во својата разноликост. Во седмиот век, градот го добил своето арапско име и во идните неколку векови создадена е нпрекрасна градска цивилизација. Во давесетиот век Мосул станал симбол на ирачкиот микс на идентитетот и културата, каде заедно живееле Арапи, Курди, Туркмени, Евреи, Христијани и Јазиди. Политичката збунетост во Мосул претставува еднаков одраз на драматичната состојба на сунитските Арапи во Ирак, кои го изгубија своето важно место во политичкиот живот на земјата после падот на Садам Хусеин. Самото враќање на сунитите може да доведе до зајакнување на ирачката национална заедница и стабилизира подрачјата ослободени од Исламската држава

You may also like

Leave a Comment