Несогласувањата останаа далеку зад Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган. Лидерите на Русија и Турција на Светскиот конгрес за енергетика во Истанбул потпишаа неколку договори, и со тоа започнаа со цементирање на добрите односи на своите земји.


Неполна година после уривањето на рускиот “сухој“ , наместо вооени соопштенија и студени односи, соработката на Русија и Турција дури подобра е отколку што била пред инцидентот. Ви претставуваме некои од договорите кои Путин и Ердоган ги запечатија:

1. Воена соработка

Размената на разузнувачките информации на Турција и Русија била една од темите на разговор на двата претседатели. Откако е откриено дека информацијата да се спречи пучот во Турција, на Ердоган му е доставена од страна на руските разузнувачи, довербата пораснала на завидно ниво. Што се донесува на Сирија, и покрај тоа што имаат различни планови и интереси, Русиј и Турција се договорија дена нема да си помречуваат помеѓу себе во интервенциите, како и тоа  дека редовно ќе се разменуваат податоци за планирани акции како случајно не би дошло до одредени несакани и несреќни случаеви,

2.Турскиот тек е жив

Иако е договорена воена соработка, најважен проект секако е завршување на гасоводот Турски тек, кој ќе претставува џиновска економска инекција во буџетите  на двете земји. Договорот обезбедува изградба на два течни гасоводи преку Црното море, со должина од 910 километри, додека делот преку Турција че биде долг 180 километри. Благодарение на Турскиот тек, гасот од Русија ќе се спроведува до Турција, од каде понатаму ќе се дистрибуира до земјите на Европската унија. Покрај тоа, Турција од овој договор излезе и со поовластен статус, бидејќи ќе добива поефтин гас од Русија.

3. Турската роба се враќа на рускиот пазар

После целосниот прекин на одсносите после уривањето на рускиот “сухој“, Русија на Турција и воведе економски санкции кои речиси во еденд ел ја оштетија економијата на ова земја. Постетуваме, Москва го забрани работењето и бизнисите во Русија на сите туристички организации од Турција, како и со хотелите и останатите компании. Забраната исто така се однесувала и на градежните дејности, архитектура и дрвената индустрија. Претседателот Владимир Путин, беше револтиран од тогашниот став на Анкара, па дури ги повикал и Русите да не одат на летување во Турција, иако практично ја ускратил тамошната туристичка индустрија за барем три милиони посетители секоја година. Исто така , Русија  го забрани и увозот на турската облека, овошје, и зеленчук. Проценки биле дека повеќемесечните санкции на Турција ја чинеле речиси 10 милијарди евра. Сепак после затоплувањето на односите и нивното дополнително зацврстување на Енергетскиот конгрес, Русија и Турција повторно соработуваат со полна пареа и тоа на обострано задоволство.

Русија и Турција по многу работи се различни. Од верата, стратешките интереси, сојузниците… ама имаат една заедничка карактеристика – прагматичноста. Иако Турција е членка на НАТО , а Русија е најголем пртивник на овој воен сојуз, тоа не ги спречува двете земји тесно да соработуваат ни најават уште подобри и посилни односи во иднина. Исто така, двете држави во еден момент се чувствуваа како изолирани: Русија зарадисанкциите од Западот, а Турција заради млаката и слабата подршка, како и осуда од страна на светската заедница на сметка на претседателот Ердоган. Заради тоа нивното помирување и сојуз до некаде било очекувано и разумен епилог.Ги обедини и амонизетот кој го чувствуваат спрема Вашингтон, особено изразен кај Турција после одбивањето на САД да го испорача Фетулах Ѓулен, кого Анкара го смета за главен мозок кој стои зад обидот за уривање на Реџеп Таип Ердоган. Доколку продолжат со сорботка, гледајќи ги притоа и добрите односи со Кина со која двете земји ги гаат и развиваат, на повидок е создавање на моќен источен блок.

(TBT)

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here