
Стопанскиот суд во Карагујевац отврил стечајна постапка над фирмата Застава автомобили АД заради трајна неспособност во плаќањето и задолжувањето, објавила агенцијата Бета.
Ова претпријатие има обврска за близу 500 милиони евра, а жиро-сметката е во блоката веќе 701 ден за преку 800.000 евра.

Пред зградата на Собранието на градот, додека траело судското рочиште, започнал протест на поранешните вработени на ова фабрика, а застапникот на околу 300 поранешни работници на некогашниот гигант на поранешна Југославија, Радиша Павловиќ изјавил дека долгувањата кон работниците за период од 1997 до 2001 година изнесува околу 800.00 евра.
Тој истакнал дека стечајот намерно го организирал криминална група на штета на работниците. Работниците најавија радикализација на протестите.
Фабриката моментално има три работници, а истата фабрика во 1989 година имаше 13.500. Во тој златен период Застава произведила 220.000 возила.









