

Имено, за време на вечерата Ципрас потполно неочекувано и покрак општо прифатените ставови во НАТО, предложил да се прекине конфронтацијата со Русија и да се премине на соработка со ова земја.
Како јавува Financial Times,зборовите на Ципрас предизвикале моментална реакција на Обама. Панос Каменос за грчкиот изјавил дека Обама остро му се спротивставил на Ципрас: ’ Тоа би требало да му го кажете на својот пријател Путин’, му се обратил Обама.
Паранојата околу ’тајните“ сојузници на Путин во внатрешноста на Европската унија, не завршила на ова. Имено и бугарскиот премиер на истиот самит изјавил дека не ја посакува ’црноморската флота’ на НАТО, бидејќи како што изјавил, ракетите никого нема да му донесат добро.
Бугарија не ја сака црноморската флота на НАТО.
На самитот на Северноатлантската алијанса во Варшава одлучено е да се зајакне присуството на НАТО во Балтикот и Црното Море. Меѓутоа после негодувањето нод Москва, бугарскиот премиер Бојко Борисов побарал повлекување од Црното море.
Многумина отценија дека тоа укажува дека рускиот претседател Владимир Путин нашол сојузници во Алијансата и дека успева да ги подели.
– Цел живот сум борец и знам дека не постои добра борба. Подобра опција е лош мир отколку добра војна. Сакам Црното
море треба да стане демилитазирана зона. Во нека да нема војска, подморници, воени бродови. Тоа е простор каде треба да вадиме гас, развиваме туризам и тргуваме.
Каква корист ракетите, воените бродови и подморниците му носат на нашиот народ? – запрашал Борисок кој се противее на настојувањата да се формира црноморска флота на НАТО.









