
Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ денес на комеморацијата на убиените Сребреничани во јули 1995 година изјавил дека правдата мора да биде исполнета, бидејќи без неа нема помирување за опростување и изградба на доверба.
Изетбеговиќ на почетокот на говорот изразил благодарност на Организациониот одбор кој овозможил одржување на денешната комеморација. Тој рекол дека му одава признание на нивната преданост во трагањето на вистината и зачувување на основните човечки вредности, неретко во услови на отворена нетрпеливост спрема нивниот труд.
“Најдлабоки изрази на благодарност им упатувам на оние кои најмногу се погодени со геноцидот направен во Сребреница.Без нивната храброст ништо немаше да може да се постигне“, рекол Изетбеговиќ.
Изетбеговиќ рекол дека многу е тешко на местото на толкава болка и страдање да се пронајдат зборови со кои би се изразило она што се чувствува уште од времето кога по прв пат поминал покрај белите нишани овде во Сребреница.
“Што да им се каже на мајките, сопругите и децата на оние кои со своите животи го откупија ова место и држава која ние денес ја имаме? Болка, тага и страдање на оние кои ги надживеаја своите најмили закопани на ова место. Единствен глас достоен на нивниот мир е гласот на молитвата, искрените дови упатени пред нивните души“, изјавил Изетбеговиќ.
Тој рекол дека денес се молат за малиот Авдија кој имал четернаесет и старецот Мустафа кој имал седумдесет и седум. Изетбеговиќ рекол дека се убиени само заради името, верата и народот на кој му припаѓале.
“Илјадници такви лежат овде. А, уште илјадници се обидуваме да ги најдеме. Бидејќи телата на убиените се сокривани по јамите, затрпувани со багери, расфрлани по брдата и шумите со намера злочиниот да биде целосен, и зад жртвите да не остане ништо“, рекол Изетбеговиќ.
Тој истакнал дека 21 година после ужасната трагедија и агресија на БиХ, која е заверена со геноцид во Сребреница, решителен е отколку некогаш, да бара задоволување на правдата и вистината за секој убиен Сребреничанец.
Во меморијалниот центар Сребреница – Поточари денес беа закопани посмртните остатоци на уште 127 жртви на геноцидот во Сребреница, после комеморацијата и верскиот дел од програмот со кој беше обележана 21 година од геноцидот во Сребреница, најголем злостор во Европа после Втората светска војна.










