putin2

Путин ги предупреди новинарите дека се наближува нуклеарна војна.

Рускиот претседател Владимир Путин објавил предупредување во светските медиуми дека светот пополека се движи кон нуклеарна војна.

Тој зборувајќи со странските новинари на Економскиот форум во Санкт Петербург на 17.јуни изјавил зошто смета дека војната помеѓу Русија и Западот е неизбежна.

Путин ги нападнал новинарите дека постојано повторуваат лаги и дезинформации кои им се сервираат од Западот (Европа и САД) за антибалистичките системи во источна Европа. Тој истакнал дека е откриено и дека е лага дека тие ракетни системи треба да служат како зашто од ирански проектили.

Тој ги известил новинарите дека Русија предвидела дека САД за неколку години ќе може да го прошири својот домет на 1.000 км. Тогаш рускиот нуклеарен потенцијал и нуклеарната равнотежа помеѓу САД и Русија ќе падне во вода.

Путин во целост го изгубил трпението во разговорот со новинарите, критикувајќи ги што слепо помагаат во настанување на нуклеарен судир повторувајќи ја американската пропаганда.

“ Ние знаеме што се случува од година во година и тие знаат дека ние тоа го знаеме. Само можат да Ви раскажуваат приказни и вие во нив да верувате ширејќи ја таа приказна на граѓаните на својата земја. Вие не чувствувате каква опасност се ближи и тоа ме загрижува. Како не сваќате дека светот се вовлекува во војна? Тие се преправаат дека ништо не се случува, а јас не знам како ги голтате тие лаги“, изјавил рускиот претседател.

Изво: Webtribune

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here