
Речиси секоја година непосредно пред одбележувањето на годишницата од геноцидот во Сребреница, кога се извршува џеназе и погребување на посмртните остатоци на невино настраданите цивили, се интензивираат политичките изјави на претставници од БиХ и Србија за самите настани во Сребреница во 1995 година и за потребата да државниот врв на Србија признае дека се случил геноцид.
Со одлука на Оарганизациониот одбор за одбележување на годишницата од геноцидот во Сребреница, во Поточари не е добредојден никој, кој негира дека во Сребреница се случил геноцид, повторно се разбуркаа стратите,
Премиерот на Србија Александар Вучиќ ова година нема да просуствува на комеморацијата на жртвите во Поточари, ама своето доаѓање сепак го најавил Чедомир Јовановиќ.
“Сакам да верувам дека ќе го доживееме времето кога ќе биде нормално претседателот или премиерот на Србија да бидат во Сребреница, да не измислуваат други имиња за геноцид кој таму се случи, да не доаѓаат таму заради тоа што тоа некој го бара од нив, туку заради тоа што се убивани недолжни луѓе и што нормалните луѓе во нормално време разбираат, без некој да им објаснува, дека секоја болка е иста и дека на светот нема многу луѓе блиски туку како што сме ние едни со други. Сакам да верувам дека пред нас е време кога Србија до крај че раскрсти со злосторничката политика која во негирањето на геноцидот го има својот последен израз, и дека исто така ќе раскрсти со злосторниците кои го спроведоа.
Во Сребреница ќе дојдам, бидејќи верувам дека такви односи можеме да изградиме, бидејќи чувствувам длабока човечка потреба на 11.јули да бидам таму, бидејќи и денес не смееме да се криеме пред оние кои сакаат повторно да ја вратат омразата и лудилото кое многу нё чинеше многу скапо, изјавил Јовановиќ.










