Лидерите на НАТО и ЕУ потпишаа “историски договор“ кој ја зајакна нивната соработка во одбраната против новите предизвици.
Договорот е потпишан денeс во Варшава, непосредно пред самитот на НАТО, како би се покажало единство на западот во соочувањето со заканите од исток и југ, пренесува АП.

Столденберг изјавил дека ова е историски договор, кој дал “нова суштина, нов подтик во соработката на ЕУ и НАТО во водењето на хибридните војни, сајбер напади и стопирање на масовните нелегални миграции“.
Туск изјавил дека новиот договор ќе ја поправи сируацијата во која понекогаш делува како НАТО , како воен сојуз и ЕУ – политички и економски блок, и на различни планети а не во ист град“.

“ Двете организации седиште имаат во Брисел, иако некои држави членки се само на една од овие две организации“, забалежал Туск.
Хибридните војни, инаку вклучуваат различно оружје, како пропагандата, психолошката кампања, сајбер нападите и употребата на политички економски и енергетски притисок.










