Ако влезе Турција, Австрија излегува од ЕУ

by Administrator

ВИЕНА – Кандидатот за претседател на Австрија Норберт Хофер, на само еден ден после поништувањето на претседателските избори од страна на уставниот суд, се изјасни да се одржи референдум во Австрија, доколку Турција пристапи кон ЕУ.“ Европа не би можела да се носи со пристапувањето на Турција. Во тој случај би постоела добра причина Австријците да бидаѕ запрашани за своето мислење за останување во ЕУ“, нагласил тој во интервју за италијанскиот дневник “Korijere dela sera“.

hofer

Потпретседателот на Слободарската партија на Австрија смета дека Велика Британија докажала дека ЕИ, односно ваквата Унија, очигледно е далеку од граѓаните. “Заради тоа сум убеден дека реформа на ЕУ би била потребна , т.е ЕУ да се врати на основните вредности и да му се проближи на граѓаните.

Измената на договорот на ЕУ во насока која води кон понатамошни намалување на надлежноста на членките, Австрија директно би ја водело кон референдум“, предупредил Хофер. Тој ја поздравил одлуката на Уставниот суд, да претседателските избор да се повторат, додавајќи дека секој граѓанин на Австрија мора да биде сигурен дека неговиот глас е земен во предвид.

 

You may also like

Leave a Comment