saudiskavaluta

Саудиска Арабија го шокира финансискиот свет кога во јануари ова година најави дека продава дел од акциите во државната нафтена компанија Aramco.

Приватизацијата на дел од компанијата би требало да биде реализирана по пат на јавна понуда на акции, а бидејќи вкупната вредност на Aramco се проценува на 22 блиони долари, станува збор за бизнис од сните за инвестициските банки.

Освен продажбата на дел во државната нафтена компанија, Саудијците планираат уште стотина приватизации, како би собрале пари за стабилизација на јавните финансии, кои се погодени од ниските цени на нафта во последните две години. Зради тоа Саудиска Арабија е на врвот на приоритетот на банкарите ширум светот.

Меѓународните банки завземаат позиции на тој пазар, го зголемуваат бројот на вработените и испраќаат водечки менаџери во Ријад.

Банкарите влегуваат и во државната администрација

Британската HSBC работи на приватизација на саудиската берза, а би можела да добие и работа на продажбата на електроенергетските компании.

Двајца банкари на HSBC веќе зазеле позиции и во владејачките структури , па така Mohammad Al Tuwaijri, директор за Средниот исток стана заменик на министерот за економија на Саудиска Арабија, додека Fahad Al Saif, директор на  HSBC-та Saudi British Bank, ангажиран е да оформи накцеларија за управување со јавниот долг кој ќе подготви прво меѓународно издавење на обврзници.

Американската банка JP Morgan била советник при вложувањето на Саудискиот јавен инвестициски фонд во Убер, кој изнесувал 3.5 милијарди долари. Исто така, имаат и советниќка улога во нафтената компанија Aramco.

Во игра се и веропски банки, па така Deutsche Bank го зголемила бројот на вработени во Саудиска Арабија на 80 особи, и го именувала Саудиецот Jamala Al Kishij за директор на Средниот исток и Африка.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here