Албанците ја обележуваат територијата : Табла “ Република Косо“ во Црна Гора
Имено, како пренесуваат црногорските медиуми, движењето “Самоопределување“ упорно се противи на разграничување со Црна Гора кое претходно било договорено, бидејќи како што тврдат, со тоа околу 8.000 хектари земја ќе им биде подарено на Црногорците.
-Со поставувањето на албанско знаме, докажавме каде е границата помеѓу Косови и Црна Гора – напишал на фејсбук портпаролот на движењето Фисник Исмаили.
Тој презицирал колку длабоко Албанците влегле во туѓа територија, тоест, каде според нив е таа “вистинската“ точка на разграничување.
-Тоа е точка оддалечена осум километри од точката каде се наоѓа полицијата на Косови и два километри од полицијата на Црна Гора. Ние продолжуваме по секоја цена да се спротивставуваме на подарувањето на земјиште на КиМ – потврдил Исмаили.
-Како дознава подгоричкиот портал cdm.me, во црногорското министерство за внатрешни работи овие настани се сватени како “сериозни“, па овој ресор наскоро ќе се огласи со официјално соопштение.
.










