Бахрудин Калетовиќ од Тузла имал 19 години кога пристапил кон ЈНА. Испратен е на првата борбена линија на фронтот во Словенија, каде во разговор со репортер на телевизијата “ЈУТЕЛ“ Ивица Пуљиќ ја изговорил познатата реченица која ја опиша бесмислата на крвавата војна која започна да беснее на територијата на поранешна Југославија.

Тие, како да сакаат да се одвојат (отцепат), а ние, како да не им дозволуваме. А ние всушност само сакаме да се вратиме во касарната, и ништо повеќе – изговорил на денешен ден точно пред 25 години, 27.јуни 1991, младиот Калетовиќ.
А, дека тоа претставува историска изјава, смета и стрикото на Бахрудин Таиб Калетовиќ.
– Сите кои тогаш сватија што се случува занаеле дека изјавата на Бахрудин е историска и дека само ја кажал вистината за ова глупост која се случувала. Ние сме муслимани и не се срамиме од тоа, ама никога не сме биле националисти. И ден-денес ја сакам Југославија и за мене Тито е единствен претседател. Сестрата на Бахрудин Мирела се омажила за Србин Дејан кој по потекло е од Прокупље, а со него живее во Швајцарија. Моментално сите се на одмор во Прокупље – вели Таиб Калетовиќ за порталот “Блиц“.
Откако на тој ден 27.јуни 1991 полкот на Калетовичќ ја преминал словенечката граница кај Метлика, биле нападнати од припадниците на Територијалната одбрана на Словенија. Судирот се случил на само два дена откако словенечкиот парламент донел одлука за самостојност.
На прашање на новинарот Ивица Пуљиќ дали знае заради што се води војна, Бахрудин одговорил:
“Колку што јас сфаќам, тие како демек да сакаат да се отцепат, а ние како демек да не им дозволуваме. Во стварност ние сакаме само да се вратиме во касарната. Ништо повеќе. Ова е општа лудница. Само жив да останам. На кого да пукам, или некој да пука на мене, тоа не може н икако и неоди никако. Ниту еден офицер не загина туку само нашите јарани (другари).
Бахрудин бил десетар и задолжен за три момчиња: Марко Бојаниќ (20), Фајрудин Имамовиќ (19) и Флориан Касумија(20) кои штотуку пристигнале во војската и за жал сите тројца загинале во тој судир. Несреќното момче подоцна го заробиле словенечките територијалци, за подоцна после неколку денови да го ослободат и пуштат заедно со останатите заробени регрути.
Бахрудид на кратко бил во Тузла, а потоа бил испратен во Ѓаково каде требало да го до одслужи воениот рок, меѓутоа за кратко повторно бил заробен со својата единица. Потоа повторно бил пуштен на слобода, од ЈНА си заминал на 29.ноември 1991 година. Ден на републиката кој од тогаш повеќе не постои.
Бахрудин седум години подоцна загинал во сообраќајна несреќа, меѓутоа неговите мирољубиви ставови и ден-денес ги следат многу млади луѓе “од Вардара па до Триглава“.









