чавушоглчу
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денес потврдил дека неговата земја забранила влегување на висока германска делегација на својата територија, како одговор  на усвојувањето на резолуцијата за признавање на геноцид над Ерменците во германскиот парлемент.

“Ние сметаме дека ова посета е неприфатлива“, им изјавил на новинарите во Анкара, Чавушоглу.

Германските власти вчера соопштија дека државниот секретар за одбрана Ralf Braukzipe и пратеници на германскиот Бундестаг биле принудени да ја откажат посетата на Турција, бидејќи официјална Анкара не им дозволила да слетаат на воената бза во Инџирлик, пренесе агенцијата Франс Прес.

Во воената база Инџирлик на југот на Турција стационирана е воздушната флота на меѓународната воена коалиција која се бори против Исламската држава, а меѓу нив се наоѓаат и германски борбени авиони за извидување од типот “торнадо“, како и авиони за снабдување.

После усвојувањето на резолуцијата за признавање на геноцид од страна на Османлиската империја над Ерменицте во 1915 година, усвоена на 2.јуни во Бундестагот, Турција го повлече својот амбасадор од Берлин, а претседателот Реџеп Таип Ердоган и се заканил со санкции кон Германија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here