турчинка

Речиси половина од Турците кои живеат во Германија сметаат дека почитувањето на исламската традиција е поважна од почитувањето на законите во земјата во која се наоѓаат, ова го покажале резултатите од најновите истражувања (анкети).

Тие исламот го гледаат како единствена вистинска религија, а секој пет-ти го оправдува насилството ако е провоцирано од страна на западот.

Според истражувањето на универзитетот во Мунстер, дури 47% од Турците во Германија сметаат дека исламот е најважен и поважен од државните закони, а дури 32% сакаат да живеат во земја каде се почитуваат законите на пратеникот Мухамед а.с.

Овие резултати ги изненадиле истражувачите. Сепак, мнозинството од анкетираните знаат дека би било многу полесно доколку се интегрираат ако би ги почитувале законите. Единствена важна работа е познавање на јазикот.

Иако 90% од нив се задоволни од начинот на живеење, дури половината се сметаат за “граѓани од втор ред“, кои никогаш нема да бидат еднакви со Германците.

Мнозинството од нив имаат позитивен став спрема христијаните, а значително помалку кон Евреите и атеистите. Исто така, мнозинството смета дека исламот може да се интегрира во западното општество, ама таков став немаат мнозинството од Германците.

Извор:(RT.com). .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here