МОСКВА (АА) – Русија сака да ги нормализира односите со Турција, но тоа не е можно без неопходни чекори кои треба да ги направи Анкара, порача денес портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, јавува Anadolu Agency (AA).

Песков зборуваше на редовната прес-конференција во Москва и во таа пригода се осврна на честитката на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој вчера му ја упати на рускиот претседател Владимир Путин, по повод националниот празник, Денот на Русија. Ердоган во честитката, меѓу останатото, изрази желба за нормализиерање на односите на двете земји.
„Ние сакаме, исто така, нашите односи да се нормализираат и да се вратиме во процес на соработка која пружа взаемна корист. Но, како што порача претходно претседателот Путин, за Русија не е можно нормализирање на односите без неопходни чекори кои треба да ги направи Анкара”, истакна портпаролот на Кремљ.
Тој изрази и жалење поради нарушувањето на односите помеѓу двете земји и изјави дека „Москва го смета за вреден периодот кога односите со Турција беа на високо ниво”.
Ердоган во својата честитка кон рускиот претседател Владимир Путин, по повод 12-ти јуни, рускиот национален празник Денот на Русија, порача: „По повод националниот празник на Руската Федерација, на вас и на целиот руски народ им упатувам честитка во име на целиот народ на Република Турција. Ни претставува желба односите помеѓу Турција и Русија во иднина да бидат на ниво на кое заслужуваат”.
Исто така, и турскиот премиер Бинали Јилдирим упати честитка до премиерот на Русија, Димитри Медведев, по повод истиот празник.









