
Според резултатите на анкетите спроведени на 11 и 12 јуни по пат на интернет и телефон, кампањата за напуштање на Европската Унија остварила најзначајна предност до сега.
Последната анкета за Brexit , која ја спровела ИЦМ, покажала промени во расположението на гласачите во Велика Британија, пренесе Гвардија.
Резултатите покажеле , доколку се занемарат оние кои сеуште не се одлучиле како ќе гласаат,дури 53% од луѓето имаат намера да гласат за излегување од Европската Унија. Тоа значи дека 47% од луѓето планираат да останат во ЕУ.
Ова е прв пат да кампањата за излегување на Британија од ЕУ да покаже начителни резултати над оној за останување.
Анкетите исто така покажале и дека мнозинството од младото население ја подржуваат Европската Унија: 56% помеѓу 18 и 29 години че гласаат за останок, 55% од наслението над 65 години ќе гласа за излегување, Средновечното население поприлично е поделено по ова прашање.
Постои видна поделба и по образованието: 7 од 10 луѓе со завршен факултет сака да остане во Европската унија
Жителите на Северна ирска и Шкотска мнозински (дури две третини) се за останување на Британија во ЕУ.










