СКОПЈЕ (АА) – По повод утрешниот 12 јуни Светски ден за борба против злоупотреба на детскиот труд, Првата детска амбасада Меѓаши го претстави Извештајот за остварување на правата на децата во Република Македонија, подготвен од Македонската неформална национална коалиција на невладини организации за правата на детето, јавува Anadolu Agency (AA).

detence

Годинава, фокусот на Светскиот ден против злоупотреба на детскиот труд, е врз злоупотреба на децата и синџирите за набавка. Според најновите проценки на Меѓународната организација на трудот, 168 милиони деца сѐ уште работат, вклучени се во сите синџири, од земјоделство до производство и градежништво. Податоците укажуваат на тоа дека злоупотребата на детскиот труд постои.

„Во Македонија, според податоци на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, над 18 500 деца не одат на училиште и над 2 000 деца секојдневно, денот го поминуваат на улица во нечовечки услови чијшто труд се злоупотребува. Овие деца се на различни возрасти и од различни националности, меѓутоа најбројни се Роми. Деца кои доаѓаат од сиромашни семејства или од семејства со низок социјален статус, како и семејства кои живеат во ризик се потенцијални жртви од злоупотреба на детскиот труд труд. Таквите услови во семејствата во кои живеат се причина тие да питачат со цел да обезбедат било каква материјална егзистенција”, се вели во соопштението.

Доколку децата се вклучат во образование, кое треба да биде бесплатно и да започне уште во предучилишната возраст и им се дадат социјални бенефиции на овие семејства тогаш шансите се големи овие деца од крстосниците да се преместат во училишните клупи.

Заради тоа, оваа година Првата детска амбасада во светот повторно апелира: Со цел побрзо искоренување на злоупотребата на детскиот труд потребно е да се обезбеди вклученост на сите деца во предучилишното образование.

„Бараме задолжително и бесплатно предучилишно образование за децата кои се во ризик нивниот труд да биде злоупотребен, деца чии родители се социјално обесправени и живеат во социјален ризик. Едно дете вклучено во раните години во предушилишно образование ќе значи едно дете помалку на улица. Сиромаштијата нема да биде искоренета се додека децата работници не се пренасочат на училиште. Детскиот труд ја одржува сиромаштијата. Преучилишното, основното и средно образование им овозможува на децата да стекнат образовни и социјални вештини. Образованието ги оспособува децата да стекнат знаење за нивните основни права и да го сфатат својот потенцијал”, потенцираат од Меѓаши.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here