еузнаме

Шведскиот министер а надворешни работи Маргот Валстром изјавила дека доколку Британците ја напуштат ЕУ зад нив ќе следуваат и други земји. Таа предупредила дека британскиот референдум би можел да води до распад на самата ЕУ. Валстром за Би-Би-Си рекла дека напуштањето на Лондон би можело да има домино ефект на другите земји кои би пројавиле свои барања за посебни услови и распишале референдуми. “ И другите земји на ЕУ ќе кажат:  Ако тие можат да го напуштат блокот, тогаш и ние можеме да распишеме референдуми, а можеби и така да го напуштиме блокот“, изјавила таа.

Валстром  додала дека за жал длабоко ќе се почувствувааѕ послдиците од домино ефектите и дека тоа ќе биде лошо во секој случај. Според досегашните анкети, приврзаниците за напуштање на блокот имаат прдност во однос на оние кои сакаат да останат. Изразувајќи надеж дека Британија нема да ја напушти ЕУ, таа изјавила дека ова земја е важен трговски партнер за Шведска, како и дека во Британија живеат околу 90.000 Швеѓани. “Сё ќе стане се понесигурно, а економијата не сака несигурност“, рекла таа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here