ЏОРЏ СОРОС ДЕМАНТИРАШЕ: “Не учествувам во настаните во Македонија!“

by Administrator

 

шарена револуција  

Оснивачот на Фондацијата отворени општество Џорџ Сорос денес ги демантирал медиумските натписи за тоа дека има било каква врска со немирите во Македонија.

Тој несакал да ги коментира обвинувањата дека учествува во настаните во Македонија како и предизвукувањето на немирите во ова земја, тврдејќи дека не знае како да одговори на таквите тврдење, освен само да ги игнорира.

“Немам одговор на ова прашање, бидејќи не учествувам во настаните кои ја зафатија  таа земја. Не знам како да ви одговорам на ова прашање“, им изјавил Сорос на новинар кој го прашал како ги коментира тврдењата дека работи на “уништување на Македонија“ и потикнување на немири во таа земја.

Сорос вчера во Брисел учествувал во представувањето на проектот “Интергација на Ромите 2010“, чиј финансиер е тој, заедно со Европската унија.

 

You may also like

Leave a Comment