kolapozar

Западот сега ја плаќа високата цена на политиката“ да не се допираат терористите сё додека тие не ве допрат вас“, пишуваат турските медиуми пишувајќи дека на ред дошла европската пролет.

Можеме ли она што се случува во Париз и Брисел да го наречеме Европска пролет? Се разбира дека можеме. Најмногу токму заради тоа што оние кои ја започнаа Арапската пролет сега подготвуваат нова пролет која ќе се случи на нивниот праг“, наведил новинарот Шереф Огуз за весникот “Сабах“.

Како што наведил тој, ова “пролет“ не е иста како онаа која имаше за цел да дестабилизира други држави преку соборувањето на нивните лидери. Овде станува збор за нов конфликт меѓу класите.

Како бумеранг кој доаѓа да ги удри оние кои го фрлиле, пламенот се распламти во Египет како би се сменила локалната власт, сега тој може да се распламти и во Париз. Кога терористите убиваа во нашиот регион, Западат мислеше дека  тоа не е нешто за што би требало да се загрижи, ама кога се соочија со истиот, сега тоа го нарекуваат напад на целокупната човечка популација“, објаснува тој.

Тероризмот, надвор од глобалната криза сега е на улиците на Париз, наведил тој,.

“Плодовите  на злото дури му се закануваат и на Германија, на нашите браќа и кои и понатаму се обидуваат да ни забодат нож во грб во Шпанија, Полска, и Грција. Европската пролет ќе биде поинаква. Дали таа ќе дојде ова лето или зима, останува да се види“, пишува Огуз.

(B92)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here