Дубаи го реализира најголемиот соларен проект во светот

0
229

Во новата енергетска стратегија на Дубаи, наведено е дека до 2050 година овој град 75% од својата енергија ќе ја добива од обновливи извори, пренесува ¨Gulfnews.com¨.

Овој град во Обединетите Арапски Емирати, денес е еден од најголемите градилишта во светот, а локалните претставници ја најавија изградбата на најголемата електрана во светот.

 

Изградбата би требало да биде завршена во наредните 5 години. Погонот за соларна енергија ќе произведува енергија од циркуларните огледала, кои ќе ја упатуваат светлината кон централната кула на електраната.

Саед Мохамед ал Таер, директор на енергетската компанија ¨Dewa¨ во Дубаи, изјави дека оваа електрична централа ќе биде поголема од сегашната која се наоѓа во Мароко.

На жителите и инвеститорите во Дубаи им вети чиста, евтина и самоодржлива енергетска иднина.

“Нашата цел е Дубаи да биде град број еден во светот¨ – изјави Ал Таер.

Izvor>Gulfnews/zazabava

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here