рама

Во приштина денес се одржува третата седница на Владата на Албанија и владата на Косово, а премиерот на Албанија Еди Рама изјавил дека треба да се удрат сёалбански национални темели во регионот, и порачал дека “Албанија и Косово, представуваат една земја, еден народ, и еден заеднички сон“, пренесува Тањуг.

“Една земја, еден народ, еден заеднички сон, заедно ги трансформиравме границите и мосото на соработка која е се посилна оден во ден“, истакнал Рама на третата заедничка седница на Владата на Косово и Албанија. Зборувајќи за правата на Албанците во општините на југор на централна Србија,Прешево, Бујановац, и Медвеџа, Рама изјавил дека тие права мора да се почитуваат, исто колку и како правата малцинствата на Косово и Албанија“. Според неговите зборови обединувањето на “Косово и Албанија ќе биде реализирано по европското знаме“.

Тој исто така отценил дека треба да се институционализираат односите на Приштина со НАТО, што како што истакнал и на неодамнешниот  собир на Северноатлантскиот сојуз во Тирана.  Премиерот на Албанија исто така додал дека го подржува дијалогот на Белград и Приштина, како и продлабочивање на соработката на сите во регионот.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here