Претседателот Ердоган за време на својата посета на Уганда истакна дека светот не може да биде осуден на она што ќе го кажат само 5 земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН

На претседателот на Републиката Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на неговата посета на Уганда, првата станица од неговата турнеја по три источноафрикански земји од страна на универзитетот Макарере му беше доделена титула почесен доктор.
Во говорот што го одржа на церемонијата на доделување на титулата почесен доктор претседателот Ердоган истакна дека светот не може да биде осуден на она што ќе го кажат само 5 земји постојани членки на Советот за безбедност на ОН.
Велејќи дека се има за цел да бидат отворени амбасади во сите земји на континентот Африка каде што се наоѓаат 54 земји, претседателот Ердоган напомена дека Турција освен тоа што е европска и азиска земја поради нејзините историски врски Таа е воедно е и Афричка земја.
„Турција која Африка ја оценува за свој партнер по судбина во последните години своите односи со континентот почна да ги разгледува со едно ново сфаќање согласно духот на времето.“ – рече Ердоган.
Претседателот Ердоган подвлече дека Турција е земја која секогаш кога ќе се појави потреба од тоа без двоумење им отрчува на помош на своите афрички браќа, а не само за воспоставување на економски врски и партнерства со африканските земји.
Укажувајќи на тоа дека организациите за развој и хуманитарна помош на Турција, Турската агенција за соработка и координација ТИКА, турската Црвена полумесечина Кизилај и уште голем број други граѓански организации успешно ставија во примена во Уганда илјадници проекти за хуманитарна помош и помош за развој, Ердоган нагласи дека сиве овие активности ќе продолжат и во наредниот период.
Велејќи „Ние како Турција продолжуваме да сме гласот на Африка на меѓународните платформи“ претседателот Ердоган и од овде го критикуваше тоа што ОН не можат да изнајдат решение за ниту еден проблем и својата реакција на ова ја изнесе со следните зборови:„Светот е поголем од 5. Не можете сеуште и денеска да им ја наметнете насилно на луѓето оваа структура формирана во услови на Првата светска војна. Ете една и две земји постојани членки велат ’не’ и денеска гледате дека не може да се реши проблемот во Сирија. Велат дека има земји привремени членки, но тие немаат никакво влијание. Ние прашуваме дали сега меѓу земјите постојани членки има барем една земја од Африка? Нема. Во светот во кој живеат 1 милијарда 700 милиони муслимани, зарем има една муслиманска земја која е постојана членка? Нема. Каква правда и какво право е тоа? Зарем може да постои такво право.“ – рече Ердоган.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во рамките на својата посета на Уганда учествуваше и на Турско-угандискиот бизнис форум и во говорот што го одржа во оваа прилика рече: „Продолжуваме да ги ставаме во употреба џиновските проекти во секоја сфера како што се транспортот, сообраќајот, енергијата, образованието и здравството. Се повеќе сме поактивни во регионалните и глобалните организации. Несомнено дека тоа претставува приказна за успех. Ќе чувствуваме задоволство од споделување на искуствата со кои што се стекнавме во овој процес со нашите угандиски пријатели. Бидејќи ние располагаме со сфаќање кое ја зема за основа споделбата и на нашата економска и на нашата дипломатска сила.“










