Хрватска до
ставила пишувана согласност за отварање на 23-то поглавје во преговорите на Србија со Европската унија, потврдиле за Тањуг дипломатски извори и доа само на еден ден откако високиот Совет на Евроазиската унија ја усвои одлуката со која се отвараат преговори со Србија.
Со тоа е отворен патот да поглавјата 23 и 24 за владеењето на законите да бидат отворени до крајот на јуни, како што и претходно било планирано. Формална одлука се очекува денес на средбата на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, а холандската амбасада веќе ова прашање го ставила на дневен ред, а се очекува дека ќе дојде до конечна согласност.
Имено, Хрватска, веќе долго време ја условувала својата согласност, додека преостанатите 27 членки на Унијата веќе дале зелено светло. Комесарот за проширување Јоханес Хан минатата недела најавил деблокада на Србија, соопштувајќи дека е пронајдена формулација, прифатлива од сите страни, во заедничката преговарачка платформа.
Официјален Загреб најпрво демантирал дека е постигнато политичко решение. Меѓутоа Министерот за надворешни работи Миро Ковач, вчера изјавил дека Загреб ќе даде зелено светло за 23-то Поглавје, со тврдење дека хрватските барања се ставени во преговарачкиот процес.









