ееусовет

Врховниот совет на Евроазиската економска унија денес донесе ослука да започне преговори со Србија за унификација на трговскиот режи, чиј резултат ќе биде заедничка трговска зона на слободна трговија со сите земји на унијата и ова балканска земја, им изјавил на новинарите министерот за трговија на ЕЕУ Вероника Никишина.

“Врховниот совет на Евроазиската економска унија донесе одлука да започне преговори со Република Србија за унификација на трговскиот режим“, изјавила Никишина.

Министерката на ЕЕУ објаснила дека денс само три земји на унијата имаат договор за слободна трговија со Србија, и тоа Русија, Казахстан и Белорусиј, при што некои одредби од овој договор се разликуваат.

Сличен преференцијален режим помешу Србија и Ерменија и Киргизија не  е установен, така да билатералната трговија со стоки помешу тие земји делува по овластен режим. На пример, се применуваат истите стапки на царина кои се установени и за другите партнери на СТО.

“Според резултатите од преговорите кои веќе започнале, треба да склулиме нов договор за зона на слободна трговија помеѓу ЕЕУ, нејзините држави-членки и Република Србија. На тој начин трговскиот режим на Србија со сите земји на ЕЕУ ќе бидат исти“, објаснила Никишина.

Во Астана, Казахстан се одржува седница на Врховниот Евроазиски економски совет. Рускиот претседател Владимир Путин и неговите колеги  од Казахстан, Белорусија, Ерменија и Киргизија ги разгледуваат понатамошните перспективи на интеграцијата во рамките на организацијата.

Учесниците на унијата која обединува повеќе од 180 милиони потрошувачи посебно е интересно формирањето на заедничкиот пазар на нафта и гас, како и соработка со другите земји, помеѓу останатите и со Србија.

Советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков претходно најави дека учесниците на собирот би требало да дадат “зелено светло“ за почеток на преговорите за воспоставување на единствен трховски режим со Србија.

Членките на ЕЕУ веќе потпишале договор за слободна трговија со Виетнам, а како што истакнач Ушаков, слични преговори се водат со Израел, додека стручњаците истовремено работаат на прашањето на воспоставување на зона на слободна трговија со Индија, Египет, и Иран.

 

(Sputnik)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here