turcija-rusija

Турскиот вицепремиер и портпарол на Владата во Анкара, Нуман Куртулмуш изјави денеска дека Русија и Турција немаат проблеми кои не е возможно да се решат и додаде дека смета оти турските односи со Русија ќе бидат средени „наскоро“.

Куртулмуш на прес-конференција, која беше одржана по седницата на турската Влада, порача дека ниту една од двете земји не може да си дозволи да ги жртвува односите со другата.

Односите меѓу Москва и Анкара се влошија минатата година откако Турција собори руски воен авион во реонот на границата со Сирија.

Куртулмуш како пример го посочи случајот на Турција и Израел, каде претставници на двете земји започна разговори за нормализација на односите и дека досега се прифатени две од три барања кои ги поставила Анкара.

Izvor>makdenes

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here