paricnik

САРАЕВО (АА) – Најголем исплатен приход за месец март во регионов имала Словенија, во висина од 1.033,95 евра, а најмал во Македонија, според податоците од месец февруари 2016 година, во висина од само 356,97 евра, покажува анализата на Anadolu Agency (AA).

Просечниот месечен нето-приход за март 2016 година во Словенија изнесувала 1.033,95 евра и била за 1,1 отсто поголема од приходот за месец февруари 2016 година.

Просечниот месечен исплатен нето приход по вработен на правни лица во Република Хрватска за февруари 2016 година изнесувал 752,97 евра.

Кога е во прашање Црна Гора, просечната заработувачка без данок и придонеси (нето приход) за март месец изнесувала 488 евра. Во однос на февруари 2016 година, просечната нето заработувачка во месец март 2016 година забележала пад од 0,6 отсто.

Просечната (нето) заработувачка во март 2016 година во однос на истиот месец претходната година забележала раст од 2,5 отсто, додека во однос на просечната заработувачка во 2015 година, забележала раст од 1,7 отсто.

Доколку се има в предвид дека потрошувачките цени во март 2016 година во однос на февруари 2016 година забележаа пад од 0,1 отсто, произлегува дека реалната нето заработувачка во истиот период забележа пад од 0,5 отсто.

Просечниот месечен исплатен нето приход по вработен на правни лица во БиХ за месец март 2016 година изнесувал 431 евро и не е сменет во однос на декември 2015 година.

Просечниот месечен исплатен нето приход за март 2016 година во БиХ во однос на март 2015 година номинално е поголем за повеќе од 1,2 отсто.

Според податоците за март 2016 година, просечната заработувачка исплатена без данок и придонеси во Србија изнесува 373,86 евра. Во спордба со просечната заработувачка без данок и придонеси исплатени во месец февруари 2016 година, заработувачката номинално е поголема за повеќе од 3,2 отсто и реално е поголема за 3,3 отсто.

Просечниот приход за февруари 2016 година исплатен во Македонија изнесува 356,97 евра.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here