
Турски функционер изјавил дека Турција би можела да ги измени односите со ЕУ, вклучувајќи ги царинските договори и реадмисијата за мигрантите.
Турција би можела да ги прекине сире договори со Европската унија, вклучувајќи ја царинската унија, ако блокот продолжи да применува “двојни“ стандарди спрема Анкара, предупреди во понеделникот Анкара со оглед на информациите кои ги пренесе германскиот весник дека визите за турските граѓани нема да се укинат пред 2017 година.
Ако Европа не ги одржи ветувањата дадени на Турција, Анкара би можела да ги разгледа своите односи со блокот, изјавил советник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Договорот помеѓу Брисел и Анкара за стопирање на бранот на илегалната миграција од Турција во Европа запира бидејќи Европа бара од Турција својот антитерористички закон да го усклади со европските стандарди, меѓутоа Анкара му забележува на Брисел бидејќи во договорот се внесуваат нови услови.
“Нека тие самите продолжат со применување на двојните стандарди, нека продолжат да не се придржуваат кон ветувањата дадени на турските граѓани, ама мора да знаат, доколку продолжат така, Турција многу брзо ќе повлече некои свои радикални одлуки“, предупредил советникот Јигит Булут.
‘Европа мора да си ги одржи ветувањата’
“Турција би можела да ги измени своите односи со ЕУ, вклучувајќи царинскиот договор и договорот за реадмисија на мигрантите. Европа мора да си го одржи ветувањето“, изјавил Булут, пренесува Хина.
Договорот на ЕУ-Турција предвидува враќање во Турција на секој мигрант кој во Грција ќе пристигне после 20 март, а не побарал азил или таквото барање му е отфрлено за секој Сириец кој од Турција е “релоциран“ во Европа, до најмногу 72.000 луѓе.
За возврат Европската унија се обврза на Анкара да и плати милијарди евра.
Една од одредбите на договорот е укинувањето на визите за турските граѓани за влегување во земјите членки на ЕУ, меѓутоа германската влада не очекува тоа да се случи пред 2017 година, бидејќи Анкара бараните услови нема да ги исполни до крајот на годината, објавил денес германскиот дневен весник Билд повикувајќи се на извори на владата.
Од друга страна Турција тврди дека ги исполнила сите критериуми на ЕУ за укинување на визите за турските граѓани.









