Приемот на Црна Гора представува знак на наопходност на Алијансата во време на обновени тензии во Европа, наведува ББС.

црногорскивојници

Во моментов на големи тензии во Европа, НАТО зачленува нов член – Црна Гора, објави ББС, прашувајќи се дали дали бројот на Алијанската ќе застане на бројот 29. Приемот на Црна Гора представува знак на неопходност во време на обновени тензии во Европа, наведува ББС.

Одлуката Црна Гора да се прими во НАТО треба да ја потврдат и членките на сојузот, ама основниот предлог сепак е усвоен. НАТО наведува дека Црна Гора обезбедила трупи за обука во Авганистан и финансирање на помош за безбедносните сили, ама со оглед на тоа што нејзината војска брои нешто помалку од 2.000 припадници, нејзиниот допринос кон сојузот ќе биде ограничен. Вклучувајќи ја Црна Гора, НАТО денес ќе брои 29 членки.

Македонија и Босна и Херцеговина се на листата на чекање. Одлуката за влегување на Босна и Херцеговина во сојузот и понатаму сеуште не е потврдена, додека не се решат проблемите со воениот имот, додека Македонија како што се наведува во соопштението на НАТО чека името на државата да биде Македонија. Дали бројот на членките на НАТО ќе застане на 29 се прашува ББС.

НАТО претходно истакна дека Украина и Грузија еден ден ќе бидат нејзини членки. Ама поделена Украина, засега не бара зачленување во НАТО, а Грузија, како што се наведува, има премногу проблеми со Русија, па нејзиното зачленување речиси изгледа неможно, пренесе РТС. Некои од членките на НАТО доста работаат да допринесат на ова организација, ама пред нив, како што се наведува, има доста работа.

НАТО е меѓународна, оснивана 1949 година со потпишување на Северноатлантскиот договор помеѓу 12 држави на тогашниот западен блок. Политичкото седиште на организацијата е во Брисел.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here