Американскиот Сенат во вторникот го прифати нацрт законот кој, како што наведуваат американските медиуми, представува закана за односите на САД и Саудиска Арабија.

FOTO: Kerry, Jabber(SAP)
Сенатот го усвои нацрт законот кој ќе им овозможува на преживеаните и на семејствата на убиените во нападите на 11.септември 2001 година да подигнат обвиненија во кои ќе бараат одштета од саудиските власти.
Нацрт законот, познат како Акт на правдата против спонзорот на тероризмот, денес едногласно е усвоен во Сенатот.
Доколку и Застапничкиот дом го усвои нацрт законот, преживеаните и семејствата на убиените во нападите на 11.септември барањата за одштета ќе можат да ги поднесат до надлежниот суд во Њујорк.
Од Белата куќа најавуваат дека Барак Обама ќе вложи вето на споменатиот нацрт закон, нагласувајќи дека тој би можел да предизвика “несакани последици“.
Од друга страна, Саудиска Арабија негира било каква вмешаност во нападите.










