Папата Фрањо  во интервју за француските медиуми изјавил дека државите треба да бидат секуларни, како и дека оние врзани за една религија завршуваат лошо.


FOTO: Franjo (AP)

-Верувам дека секуларизмот е придружен со силни закони кои гарантираат верска слобода и овозможуваат рамки за движе напред – изјавил папата, а пренесе хрватскиот портал index.hr.

На зголемената загриженост на христијаните заради ширење на исламот во Европа, папата изјавил дека секој има право да си ја практикува-применува верата која тие ќе си ја одберат, како и тоа дека секуларната држава, за разлика од она со една религија, може на секого да му ја овозможи таа прилика.

-Ние сите сме еднакви, како синови Божји или на нашето лично достоинство. Ама, секој би требало да има слобода на практикување на сопствената вера. Ако муслиманка сака да носи хиџаб, нејзе тоа треба да и се овозможи. Истото важи и за тоа католикот доколку сака да носи крст. Мора да имаме можност да си ја исповедиме својата вера – не на маргините на културата, туку во неа – истакнал папата Фрањо.

Освен тоа, тој ја критикувал и Франција, загрижен заради поистоветувањето на исламот и екстремизмот после терористичките напади.

Кога станува збор за еутанзијата и истополовите бракови, папата Фрањо рекол дека станува збор за општествени прашања кои треба да ги решат светските власти, ама и тоа дека личните уверувања на луѓето треба да се почитуваат кога се усвојуваат поедини закони.


LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here