Папата Франциско во интервју за францускиот весник „Ла Круа“ истакна дека христијанството и исламот можат да живеат заедно еден покрај друг

Духовниот лидер на католичкиот свет папата Франциско во интервју за францускиот весник „Ла Круа“ го критикуваше тоа што властите во Париз го преувеличуваат лаицизмот и истакна дека христијанството и исламот можат да живеат заедно еден покрај друг.
Папата Франциско рече: „Онака како што еден католик носи крст на себе така и една муслиманка која сака да носи хиџаб, може да носи. Франција треба да може да фрли чекор по ова прашање и во однос на севишни прашања секој треба да има право да живее онака како што му наредува неговата религија.“
Осврнувајќи се и на прашањето со бегалците папата Франциско предупреди дека најлошото би било бегалците кои ќе дојдат наместо да бидат интегрирани, да бидат гетоизирани, по што додаде дека христијанството и исламот можат да живеат заедно еден покрај друг.
Портпаролот на Сојузот на бискупи на Франција Оливие Рибадо Думас пак истакна дека ги оценваат за праведни критиките на папата Франциско кон Франција по прашањето на лаицизмот.
Думас во изјавата за радиото РТЛ алудирајќи на дискусијата во врска со забраната за носење на хиџаб на универзитетите во Франција рече дека стравот кој што се појавува поради разликите го спречува заедничкиот живот (соживотот).








