
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во четвртокот во Анката ја критикувал Европската Унија, заради како што рекол земајќи ги терористичките организации за соговорници, јавува Анадолија.
“Ако Европската унија е подготвена да се симне на нивото на разговори со терористичките организации, наместо со државата Турција, нам тоа не ни представува никаков проблем, бидејќи ние со очите со кои ги набљудуваме (гледаме терористичките организации, ги набљудуваме и оние кои ги бранат нивните тези“, рекол турскиот претседател.
Истакнувајќи дека Турција продолжува со одлучната борба против тероризмот, тој изјавил дека во тек се последните подготовки на турските сили за чистење на терористичките елементи во северниот пограничен појас на Сирија, од подрачјето од каде припадниците на ИСИЛ изминатите недели истрелале проектили на турскиот пограничен град Килис.
Во продолжение тој изјавил дека Турција во тоа не ја добила потребната подршка од своите сојузници, ниту од оние кои во регионот имаат свои вооружени сили.
Ердоган заклучил дека Турција има право да не ја интересираат оние кои не се интересираат за Килис, Алепо и кои водат, како што рекол тој, дволична политика против тероризмот.
Осврнувајќи се на актуелните политички настани во Турција, тој изјавил дека народот на ова земја пред или подоцна пред себе ќе има нов устав, изработен на основа вољата на токму тој народ, и дека ќе добие и претседателски систем на управување со државата.
Турскиот претседател се осврнал и на тоа дека силите на НАТО не се доволн о распоредени во Црното море и дека не можат да се спротивстава со руското воено присуство на тоа место, пренесува Тањуг.
“Му реков на ( генералниот скретар на НАТО Јенс Столтенберг) дека се одсутни од Црното море. А тоа речиси стана руско езеро“, истакнал Ердоган на состанокот на началниците на Генералштабот на балканските нации во Истанбул.
Тој додал дека од Алијансата ќе бара да го реши ова прашање на предстојниот самит во Варшава.
“Ако не тргнете во акција, историјата нема да ни опрости“, порачал Ердоган, додавајќи дека БиХ и Македонија што поскоро би требало да им се придружат на Алијансата како би зајакнале.








