Лоши вести за Анкара: Брисел соопшти дека се одложено болатералните преговори, нзначени за 13.мај, на кои помеѓу остантото требало да стане збор за безвизниот режим.
Во официјалното соопштение на ЕУ, која го изнела представничката за надворешнополитичкиот ресор Маја Коцијанчич, се наведува дека состанокот е одложем во соглсност со двете страни. Тоа би можело да значи дека Брисле нема позитивни вести, нето предлози за Турција по прашањето за воведување на безвизен режим, додека Турција не сака таквата позиција да биде забележана во текот планираната средба.
Уште еден неповолен сигнал за Анкара е тој што состанокот е одложен на неодредено време. Тоа зборува дека надминувањето на постоечките препреки за одржување на преговорите, според мислењето на двете страни не се предвидува во догледно време.
Претходно Европската комисија изјавил дека е подготвена да воведе безвизен режим за Турција во рамките на договорот за бегалците помеѓу Брисел и Анкара.
Ниту Ердоган не му остана должен на ЕУ, па во својот стил нивните барања спрема Турција ги нарекол како црн хумор.

Ердоган: Европа е засолниште за политичко крило на терористите
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги обвини европските земји дека им овозможуваат засолниште на политичките крила на терористичките организации, притоа потенцирајќи дека тоа што Европа на Турција и дели лекции за промена на законот против тероризмот представува “црн хумор“.
ЕУ минатиот месец побарала од земјите членки да воведат безвизен режим за Турција во замена за тоа Анкара да го сопре приливот на мигранти во Европа, ама наведила дека Турција сеуште треба да измени некои закони, вклучувајќи го и законот за тероризам против стандардите на ЕУ.
Во својот говор во Анкара Ердоган изјавил дека ЕУ треба прво да ги смени сопствените закони за тероризмот и да се надева дека Европа ќе ги исполни своите ветувања за безвизниот режим за Турција најдоцна до месец октомври.








