
Денес 9.мај во Европа ќе се обелжат 71 година од завршувањето на Втората светска војна и 66 години од покренувањето на иницијативата за создавање на Европска Унија.
Својот ден, Денот на Европа, унијата го дочекува соочена со бројни кризи, како никогаш досега.
Сё пожешки и сё почести судири во земјите членки се натрупуваат, а исто така спротивставените ставови за заедничките проблеми.
Претседателот на Европската унија Жан-Клод Јункер изјавил дека австриската контрола на границата со Италија како би се стопирал приливот на мигранти била политичка катастрофа за Европа. Само неколку денови претходно тој изјавил дека на Европската унија и недостасува заедничка европска визија:
“Идејата на едното европско семејство, едната визија беше илузија“.
Во меѓувреме претседателот на Турција на Европската унија и порача дека нема да ги менува своите антитерористички закони заради безвизниот режим кој Брисел го нуди.
“Жал мие, ние ќе одиме по нашиот пат, а вие одете по вашиот!“
Несогласување се заканува и во внатрешноста на Унијата. Во Велика Британија наголемо трае кампањата во пресрет на референдумот на 23 јуни за тоа дали земјата ќе остане или ќе си замине од ЕУ. На сето тоа треба да се додаде и мигрантската, економската и украинската криза кои сеуште чекаат на решение.
“Се разбира дека ваквите кризи предизвикуваат и други политички проблеми во ЕУ, како што е на пример значителното зајакнување на десницата во голем број на клучни земји, без оглед на ваквиот развој на ситуацијата, мене ми изгледа дека ЕУ ќе успее да се избори со една по една од ови екризи, односно кризни прашања. За почеток треба да се види што ќе се случи со одлуката на Велика Британија“, вели Александра Јоксимовиќ од Центарот за надворешна политика.
9.мај во Европа се обележува во знак на сеќавање на победата над фашизмот и декларацијата на Роберт Шуман кој во 1950 година го најавил проектот за смирување и обединување, односно оснивање на Европска заедница за јаглен и челик, која подоцна се разви во Европска унија.










