Ахмет Давутоглу поднел оставка на функцијата претседател на владејачката Партија на правдата и развојот, што подразбира дека повеќе нема да биде ниту премиер.

FOTO: Davutoglu (AA)
Неговата одлука ќе стапи на сила после вонредниот конгрес на ова партија закажан за 22.мај.
Давутоглу соопштил дека нема да бара нов мандат за претседател на партијата (АКП), што значи дека повеќе нема да биде ниту премиер, наведува АФП.
“На 22.мај ќе одржиме вонреден конгрес“, им изјавил на новинарите во Анкара Давутоглу додавајќо дека нема да биде кандидат во “сегаште околности“.
Во врска со единството на партијата Давутоглу порача:
„Доколку некој сака да направи јаз во партијата, или поради одредени настани и случувања го одвои патот од партијата, спроти него прво јас ќе застанам. Во овој период барам членството поради развојот на настаните да не ја напушта партијата под изговор дека се чувствува нелагодно”.
„Турција која е предмет на закани од многу внатрешни и надворешни предавнички мрежи, би сакал да истакнам дека под овие околности нема да бидам кандидат на предвремениот Конгрес на партијата, но како пратеник на АК партијата и како војник на партијата до последен момент ќе продолжам да чекорам во политичката борба за демократија”, истакна Давутоглу.
За својата верност кон партијата и претседателот Ердоган додаде:
„Каков и да е развојот на настаните ќе останам верен на зборот кој го дадов. До последниот здив ќе му останам верен на Претседателот на државата. Никој од мене не чу ниту еден лош збор за Претседателот, ниту ќе чуе. Сакам тоа јасно да го кажам и нема да дозволам тоа да биде предмет на злоупотреба. Честта на Претседателот е честта на Претседателот на Репубика Турција и честта на мој пријател, честта на неговото семејство е чест на моето семејство. Неговото семјство е мое семејство. После ова не сакам никој да се обиде да внесе недоразбирања меѓу нас”.
Според статутот на партијата, шеф на партијата и претседател на владата е иста особа, наведува АФП.
Турските медиуми вчера пренесоа дека Давутоглу размислува за оставка заради борбата за превласт која ја водел со претседателот Ердоган.
Весникот Хуријет пишува дека премиерот Дав утоглу наводно се судрил со Ердоган околу планирањето на измените на уставот кои би довеле до зајакнување на претседателската функција.
Тој изјавил дека подобро ќе го “прегази своето его“ отколку да ги загрози интересите на својата владејачка партија (АКП), од која доаѓа и претседателот Ердоган.
Турскиот дневник Џумхуријет пишува дека кандидати за наследник на Давутоглу се актуелните министри за сообраќај и енергетика , Бинали Јилдрим и Берат Албајрак, инаку зет на Ердоган.
Давутоглу функцијата премиер и претседател на паријата ја презел во 2014 година, кога Ердоган беше избран за претседател.









