
Милорад Додик, претседател на Република Српска денес ја посетила џамијата Ферхадија во Бања Лука и во таа прилика на муфтијата Осман еф Козлиќ му подарил теписи за овој новоизграден објект. “Овде сум да изразам големо задоволство што Ферхадија џамијата е завршена и што сме во пресрет на нејзиното отварање“, истакнал Додик. Тој истакнал дека е многу задоволен што Владата на РС помагала и ја подржувала изградбата на овој објект. Ова истовремено е и прва посета на Додик на Ферхадија во својство на претседател на РС, ама Владата на РС вио времето додека тој бил премиер издвојувала средства за обнова на џамијата и тоа беа и први финансиски средства за помош од страна на РС.
Исто така Додик му посака и добредојде на Турскиот премиер Ахмет Давутоглу чие доаѓање исто така се очекува на свеченоста по повод отварањето на џамијата. Во продолжение тој истакнал дека тој и премиерот на Турција немаат идентични ставови за некои работи, ама тоа сепак тоа не е препрека да поразговараат.
На крај истакнал дека очекува на 7.мај од Бања Лука да испрати порака за мир и дијалог и дека добредојдени се сите кои тој ден ќе дојдат како представници така и гости и кои ќе зборуваат на тој начин. “Многу сум задоволен што сё се одвива според планот и благодарен сум му на претседателот на РС Милорад Додик на денешната посета и големиот подарок кој ни го донесе“, истакнал Ефендијата Козлиќ.









