Изјава за медиуми
Фросина Ременски, министерка за труд и социјална политика, во оставка
Скопје, 25.04.2016

Почитувани граѓани,

Eве до каде одат лицемерните политики на Груевски и неговиот кум и министер за финансии Зоран Ставревски. Пред да стигнат лажните обвинувања и клевети дека министерката Ременски ги кочи проектите во министерството за труд и социјална политика и правата на граѓаните, на граѓаните на Република Македонија, сакам да обелоденам кој е главниот кочничар на исплатата на средствата што ги очекуваат од министерството за труд и социјална политика.

И покрај уредно и навремено потпишаните и доставени за исплата и обврски кон граѓаните и други субјекти, од средината на март во трезорот во министерството за финансии стојат нереализирани исплати кон граѓаните за породилно отсуство во висина од 195.069.448 денари, цивилна инвалидност 6.517.066 денари, мобилност и слепило 59.676.000 денари, постојана парична помош 30.132.282 денари, сместување во згрижувачко семејство 3.313.027 денари, парична помош за студирање 4.026.311 денари, детски додаток 10.291.042 денари, еднократна парична помош за новороденче 3.562.070 денари, родителски додаток за трето дете 207.723.161 денар, родителски додаток за четврто дете 11.729.412 денари, посебен додаток 35.783.890 денари, или за правата од социјална и детска заштита за месец март, вкупно 375.051.571 денар.

Во трезорот стојат неисплатени и сретствата за заштитните друштва кои вработуваат инвалидизирани лица во висина од 64.402.617 денари, средства за здраствено осигурување 8.689.231 денар, средствата за бањите кои даваа услуги за бањско- климатска рекреација на пензионерите во висина од 10.755.522 денари, паричната помош за граѓаните за опожарени куќи или за лекување од висина од 240.000 денари и дурги, или вкупно неисплатени близу 12.000.000 евра.

Го повикувам министерот за финансии, Зоран Ставревски, веднаш да ја одблокира исплатата на неисплатените права на граѓаните и да престанат манипулациите со ранливите категории на граѓани на кои овие сретства, можеби им се единствени месечни примања.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here