ДВ, Ројтерс, БиБиСи и Фајненшл Тајмс најавуваат санкции за Груевски и соработниците од ЕУ

by Administrator

После Дојче веле, и Ројтерс, БиБиСи и Фајненшл Тајмс пишуваат дека Европската унија размислува да воведе санкции за одредени македонски политичари.

gruevski4527Санкции за водечки политичари и одземање на препораката за почеток на преговорите со ЕУ. Тоа се следните чекори на ЕУ по откажувањето на преговорите во Виена, дознава Дојче веле од свои извори во Брисел.

Слично вчера објави и Ројтерс, а истото беше цитирано од БиБиСи.

Најмногу информации објавува Фајненшл Тајмс кој го пишува следното:

Во понатамошна ескалација на состојбата, Брисел, исто така, разгледува воведување санкции против водечки членови на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи забрани за патување. На состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ оваа недела се дискутирало за додавање на високи политички функционери на црната листа на Шенген зоната, иако се уште не е донесена ваквата одлука.

Заканата од санкции против високи владини фигури ја одекнува „првата фаза“ од санкциите кои ЕУ му ги наметна на Виктор Јанукович, некогашниот претседател на Украина, и неговиот потесен круг, непосредно пред тој да биде соборен од власт во 2014 година.

Но, воведувањето санкции од овој вид против лидери на земја кандидат за членство во ЕУ ќе биде без преседан. Сите 28 земји членки на ЕУ ќе мора едногласно да се согласат за таквите мерки.

You may also like

Leave a Comment