Парламентарната асамблеја на Советот на Европа дискутираше за постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ по прашањето на мигрантите

evroparlament

Европа призна дека заостана многу зад Турција по прашањето на помошта на мигрантите.

Парламентарната асамблеја на Советот на Европа дискутираше за постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ по прашањето на мигрантите.

Во Генералното собрание на Парламентарната асамблеја на Советот на Европа беа усвоени три извештаи подготвени од страна на Комисијата за мигранти, бегалци и раселени лица.

Известувачката и германска парламентарка Анет Грот во говорот што го одржа истакна дека Турција, Јордан и Либан со голема посветеност ги отворија своите врати за бегалците и рече: „Она што го прават овие земји ја водат Европа кон срам. Европа во мигрантската криза покажа мошне лош испит од морален аспект.“

Холандската известувачкач Тинеке Стрик пак која го подготви извештајот под наслов „Состојбата на мигрантите и бегалците во рамките на постигнатиот договор меѓу Турција и ЕУ“ привлече внимание кон тоа дека и покрај дадените ветувања за прифаќање на 22 илјади лица во Европа се примени само 4 илјади мигранти.

Австрискиот парламентарец Стефан Шенах кој говореше во име на Социјалистичката група исто така истакна дека европските земји не можеа да ги угостат мигрантите и рече: „Прашањето со мигрантите е целосен банкрот на Европа. И покрај тоа што не се дојдени ниту 10-отсто од лицата кои беа принудени да ја напуштат Сирија европските земји не можат да ги угостат мигрантите.“

Швајцарската парламентарка Дорис Фиала пак рече: „Не можевме да бидеме успешни колку Турција која реализира мошне значајни работи за мигрантите. Оние кои овде ја критикуваат Турција не можеа да остварат слични успеси во своите земји.“

Нагласувајќи дека Турција направи мошне големи работи по прашањето на мигрантите, Фиала го додаде следното: „Треба да имаме почит кон тоа. Во голема Европа нема ниту најмал успех по прашањето на споделувањето на товарот.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here