На Европската унија повеќе и е потребна Турција, отколку што на Турција и е потребна Европа, изјавил денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Тој го критикувал извештојот на Европскиот парламент во кој остро се критикува владеењето на правотот во Турција.
Ердоган во обраќање до претседателите на општините во Анкара, кој директно бил пренесуван на телевизија, минатонеделниот извештај на ЕП во кој Анкара се обвинува за назадување во демократијата, го опиша како “провокативен“, пренесе агенцијата АФП.
Тие критики токму се упатени во време кога односите со Европа биле на добар пат, истакнал турскиот претседател.
Тој наведил и тоаљ дека повеќето критики кои аападот ги упатува до Турција потекнуваат од “лоши намери“.
Европскиот парлемент на 14.април го усвои годишниот извештај за напредокот на Турција, кандидат за членство во ЕУ, во кој Анкара се критикува за “назадување во демократијата и владеењето на правото“.
ЕП во резолуцијата наведила “длабока загриженост“ дека Анкара ги крши условите потребни за придружување кона Европската Унија со “непочитувањето на демократијата и владеењето на правата во внатре во Турција“.
Со забрзување на процесот на кандидатура на Турција за членство во ЕУ било клучно ветување во преговорите во кои Анкара ветила учество во сопирањето на големиот проток на мигранти кон Европа.
Резолуцијата не е обврзувачка, усвоена со 375 гласови и со 177 гласови против.









