Ноќеска доцна во ВМРО-ДПМНЕ се одржувале консултации околу претстојното враќање на преговарачка маса, по бројните меѓународни предупредувања дека земјата ќе се соочи со меѓународна изолација и економска дестабилизација.

vmro dpmne sediste

Неофицијално, партијата барала модалитети како да ја симне од себе етикетата на мотиватор на аболицијата, и како да ја избие како аргумент против изборите од рацете на опозицијата, непосредно пред новата преговарачка средба. Притоа, се барале правни совети за „заобиколни начини“ преку кои одлуката може да се релативизира, а без да мора да биде повлечена од претседателот. Според правни експерти, тоа никако не може да се реши преку индивидуални барања за изземање од даденото помилување, какви што досега стигнаа од неколку лица, бидејќи одлуката мора да биде повлечена во целост. Особено, што индикативен е фактот дека барање за изземање од одлуката на претседателот досега не доставија најблиските соработници и поранешни министри во кабинетот на Груевски – Гордана Јанкулоска, Миле Јанкиески и неколку други, кои предничат по бројот на кривични постапки за кои добија помилување.

Според партиски извори, во ДПМНЕ вледее голема нервоза и разногласие по ова прашање. Дел од раководството се залагало „да се оди бескомпромисно до крај во конечна пресметка и да не се дозволи поради неколку ‘гангстери од опозицијата’ да ја изгубат власта. Други, пак, се залагале „сега да се игра мудро и одмерено, за да се избегнат евентуални санкции, а потоа повторно ќе ги земат работите во свои раце“.

Во кабинетот на Иванов молчат околу неговите наредни чекори, но според партиски извори тој е во многу деликатна ситуација откако најави дека нема да ја повлече одлуката, а сега е повикан да го стори спротивното. Од неговото натамошно постапување целосно ќе зависи развојот на настаните, а од партијата велат дека секој негов потег мора да биде договорен, усогласен и одобрен од ВМРО-ДПМНЕ.

Анализата на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here