Молк од Владата кој треба да ги спроведе изборите по вчерашната порака на Евокомесарот за проширување Јоханес Хан – во која тој им порача на лидерите дека ако не работат заедно и ако не се фокусираат за фер и демократски избори, новата влада нема да биде меѓународно прифатена и признаена.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак без конкретно да ја коментираат изјавата на Еврокомесарот за проширување, ниту пак последните случувања кои Хан ги потенцираше како чекор назад, велат дека партијата сака оваа криза да заврши, да се стави крај на како што велат деструкцијата од опозицијата. Од партијата на Груевски тврдат дека тие биле секогаш конструктивни и придонесувале за фер и демократски избори. Изборите се единствениот излез од кризата и враќање на државата на вистинскиот пат, велат од партијата на Груевски.
Од ДУИ пак само кусо повторуваат дека избори на 5 јуни ќе има, но и дека претседателот Иванов мора под итно да ја повлече аболицијата. Од ДУИ велат се бараат начини за тоа. Од СДСМ пак повторувата дека услови за избори на 5 јуни нема и тие немаат намера да учествуваат на такви избори. Од опоизицијата тврдат договорот од Пржино е мртов, а го уби власта со низата одлуки кои како што велат придонесувата за се освен за кредибилни избори.
извор: 24Вести










